Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28  
Recnik
25.02.2026
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ „ДБ“ И „ДБ-ВП“ ЗА 2025 ГОДИНА

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници правни лица, обврзници за данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка дека се наближува рокот за поднесување на даночните биланси за оданочување со данок на добивка (образец „ДБ“; образец „ДБ-ВП“).

Доколку сте правно лице – резидент на РС Македонија, кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или регистрирана постојана деловна единица на нерезидент, која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РС Македонија, имате обврска да поднесете до Управата за јавни приходи образец „ДБ“ до 28 февруари 2026 година.

За даночните обврзници кои Годишната сметка до Централен регистар на РСМ ја доставиле електронски, рокот за доставување е до 15 март.

Со оглед на тоа што крајниот рок 28 февруари (сабота) и 15 март (недела) се неработни денови како краен рок за поднесување е првиот работен ден.

Специфики при пополнување на образецот ДБ
Со цел олеснување на пополнувањето на одредени полиња во образецот ДБ, а имајќи ги во предвид често поставуваните прашања и најчесто идентификуваните грешки при обработка на ДБ, Управата за јавни приходи изготви табела (види линк) во која се презентирани начините на проверка и правилно искажување на податоците во образецот „ДБ“.

Специфики при пополнување на образецот ДБ-ВП
Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход, односно во текот на 2025 година сте оствариле вкупен приход до 3.000.000 денари на годишно ниво или пак сте оствариле вкупен приход помеѓу 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво и сте се определиле, односно сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, имате обврска да поднесете до Управата за јавни приходи образец „ДБ-ВП“ до 28 февруари 2026 година.

Доколку Годишната сметка до Централен регистар на РСМ сте ја доставиле електронски, рокот за доставување на образецот „ДБ-ВП“ е до 15 март.

Со оглед на тоа што крајниот рок 28 февруари (сабота) и 15 март (недела) се неработни денови како краен рок за поднесување е првиот работен ден.

Поради честите прашања во однос на пополнување на податоците од образецот „ДБ-ВП“ и обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход за 2025 година, односно за обврзниците кои искажуваат податок на реден број 4. „Износ на платени аконтации на данокот на добивка“, кои во вид на аконтација платиле поголем износ на данок од износот што се должни да го платат, известуваме дека може од Управата за јавни приходи да бараат враќање на повеќе платениот износ со поднесување на образец Барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок УЈП-УН-3.2-39.

Додека пак даночните обврзници кои во вид на аконтација платиле помал износ на данок на добивка од износот на данокот што се должни да го платат по поднесување на образецот ДБ-ВП, имаат обврска да ја доплатат само разликата од износот на годишниот данок на вкупен приход и платените аконтации на данокот на добивка на соодветната уплатна сметка.

Обрасците „ДБ“ и „ДБ–ВП“ се доставуваат преку системот е-Даночни услуги

За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДБ“ и „ДБ–ВП“ обратете се до Контакт центарот на УЈП на: е-пошта: info@ujp.gov.mk и телефон: 0800 33 000; и 02/ 3253 200

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија