Време на настанување на даночен долг 
      					
      				
      				
      					- кај прометот на добра - во моментот кога е извршен прометот на доброто.
 - кога доброто се превезува или испраќа - во моментот на започнување на превозот или на испраќањето.
 - кога доброто се монтира или инсталира - моментот на завршување со работите на монтажа или инсталирање.
 - кај вршење услуги - во моментот на целосно извршување на услугата.
 - кога плаќањето е извршено пред извршување на прометот - моментот кога е добиено плаќањето во висина на данокот за добиениот износ.
 - кај периодичен или континуиран промет кој предвидува последователни плаќања - денот на кој е издадена фактура за соодветниот период.
 - кај економски делив промет кој се должи и извршува во делови - денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.
 - кај автомати за продажба на добра или за извршување на услуги кои работат со монети, книжни пари или жетони - денот на кој монетите, книжните пари или жетоните се вадат од автоматот.
 - при увоз на добра - денот на настанување на обврската за плаќање на царина и другите увозни давачки или денот на внесување на доброто во земјата, кога се работи за добро кое не подлежи на плаќање царина.
 - за добра кои подлежат на режимот на добра во слободни зони, царински зони, царински складови, добра во транзит или привремено увезени добра - моментот кога доброто се пушта во слободен промет.
 - во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета:
1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува; или
2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп; или
3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест од закупецот кон закуподавачот. - за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена целосна уплата на постигнатата крајна цена од страна на стекнувачот на доброто, освен кога доверителот се стекнува со доброто.
 
                  
                				
                				
                				
              
