Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
08.08.2025
Управата за јавни приходи наплаќа приходи и преку електронски аукции – во државната каса инкасираше 314.230 евра

Управата за јавни приходи информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување на електронски аукции на движни и недвижни предмети успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19.419.411 денари (приближно 314.230 евра).

Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² и тоа:

  • стан од 72 м² (Охрид)
  • деловен простор од 111 м² (Струмица)
  • земјиште од 103 м² (Прилеп)
  • просторија на мезанин од 17 м² (Скопје)

Вкупната постигната продажна вредност на недвижниот имот изнесува 13.289.807 денари (215.045 евра).

Исто така за период 01.01 до 31.07.2025 година на одделни месечни аукции беа продадени и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6.129.604 денари (99.177 евра).

Од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник.

Поради неплатени даночни обврски, а по две неуспешни аукции, за период 01.01 до 31.07 годинава државата се стекна со следниот недвижен имот;

  • деловна просторија од 21 м² (Прилеп)
  • земјоделско земјиште од 13.333,92 м² (Кавадарци)
  • деловен простор од 259 м² и викендица од 91 м² (Струмица)
  • два стана од по 93 м² (Битола)

Проценетата вредност на стекнатиот имот изнесува 33.176.370 денари (536.794 евра).
Државата се стекнува со имот од неплатени даночни обврски кога имотот нема да се продаде на две е – аукции. Во таков случај долгот на должникот се отпишува за 50% од проценетата вредност на имотот кој преминува во државна сопственост.

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно законските овластувања, спроведува електронски аукции (е-аукции) како дел од постапките за присилна наплата на даночни долгови. Оваа мерка се применува во случаи кога даночните обврзници не ги подмируваат своите обврски доброволно и откако ќе бидат исцрпени другите, поекономични методи за наплата. Е-аукциите претставуваат продолжение на законската постапка за обезбедување и заплена на имот на должниците. Целта е обезбедување ефикасна наплата на јавните приходи и правична наплата на долговите кон државата, со што се гарантира фер третман на сите даночни обврзници и се штити државниот буџет. УЈП преку своите служби за присилна наплата и даночните извршители ги спроведува овие постапки транспарентно, преку јавна веб платформа.

Управата за јавни приходи апелира до сите граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски. Неплаќањето на данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот.

Исполнувањето на даночните обврски не е само законска обврска – тоа е чин на одговорност кон себе и кон заедницата. Со навремено плаќање, граѓаните и компаниите придонесуваат кон стабилна економија, функционални институции и повеќе средства за проекти кои нудат поквалитетни услови за живот за сите.
Даночната обврска е законска должност. Неплаќањето не е избор – тоа носи последици.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија