12.12.2015
Насоки и појаснувања за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност.
- Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување.
- Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.129/15), од 8 август 2015 година се изврши доуредување и допрецизирање на одредбите за прометите во постапки на присилна наплата и присилно извршување, како и:
- воведување на механизмот на пренесување на даночната обврска во случај кога доверителот се стекнува со доброто.
- промена на рокот за плаќање и достава на ДДВ-ПНПИ во постапка за присилно извршувањесо цел усогласување со Законот за извршување. - Субјектот надлежен за постапката на присилна наплата и присилно извршување има обврска за прометот да изготви соодветни обрасци кои се пропишани во:
- Правилник за формата и содржината на Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ), со примена од 1 јануари 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.198/14).
- Правилник за формата и содржината на Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто (образец ДДВ-ПНПИ/ДС), со примена од 25 август 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.143/15).
Табела: Начини на постапување во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Доверителот не е стекнувач (ДДВ обврзник) |
Доверителот не е стекнувач (не е ДДВ обрзник) |
Доверителот е стекнувач (ДДВ обврзник) |
Доверителот е стекнувач (не е ДДВ обрзник) |
||
Должник (ДДВ обврзник) |
Субјектот надлежен за постапката изготвува: | • Акт од присилна наплата или извршна постапка • Извештај ДДВ-ПНПИ • примена на член 43-а од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка • Извештај ДДВ-ПНПИ • примена на член 43-а од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка • Извештај ДДВ-ПНПИ/ДС • примена на член 32-а став 1 точка 3 од ЗДДВ |
• Акт од присилна наплата или извршна постапка • Извештај ДДВ-ПНПИ/ДС • не се применува член 43-а или член 32-а став 1 точка 3 од ЗДДВ |
Кој има обврска да го плати ДДВ за прометот? |
Субјектот надлежен за спроведување на постапката по прием на целосната уплата од стекнувачот на доброто | Субјектот надлежен за спроведување на постапката по прием на целосната уплата од стекнувачот на доброто | Примена на Reverse Charge:
• Доколку стекнувачот има право на одбивка на ДДВ го искажува пресметковно во Пријавата ДДВ-04 |
Должникот
Напомена: Не се применува Reverse charge, се применуваат општите одредби од ЗДДВ. |
|
Должник (не е ДДВ обврзник) |
Субјектот надлежен за постапката изготвува: | Акт од присилна наплата или извршна постапка | Акт од присилна наплата или извршна постапка | Акт од присилна наплата или извршна постапка | Акт од присилна наплата или извршна постапка |
Обврска за ДДВ? | Не се пресметува и плаќа ДДВ | Не се пресметува и плаќа ДДВ | Не се пресметува и плаќа ДДВ | Не се пресметува и плаќа ДДВ |