Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
19.06.2025
УЈП ИЗБРАНА ВО ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА IOTA – ПРИЗНАНИЕ ЗА ЕКСПЕРТИЗАТА НА УПРАВАТА НА ЕВРОПСКО НИВО

Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија со гордост ја информира јавноста дека на 29-тото Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку, Азербејџан, доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација.

Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен член од 1997 година. Изборот во Извршниот совет не само што ја признава експертизата и резултатите на организацијата, туку истовремено претставува и обврска за натамошна проактивност во поставувањето на стратешки насоки, како и во решавањето на актуелните предизвици во областа на даночната политика и администрација на европско ниво.

Дополнително, Управата за јавни приходи доби и специјално признание за активниот придонес на своите претставници во рамки на IOTA Форумот за управување со даночни долгови. Признанието беше доделено од страна на Извршниот секретар на IOTA, г-ѓа Alix Perrignon de Troyes.
Во рамки на настанот, делегацијата на УЈП предводена од директорката м-р Елена Петрова оствари низа билатерални средби со високи претставници на европски даночни администрации. Особено значајна беше средбата со г. Orkhan Nazarli, директор на Државниот даночен сервис на Азербејџан и досегашен претседател на IOTA, кој изрази подготвеност за воспоставување директна билатерална соработка меѓу двете институции.

Овие признанија не претставуваат само институционален успех за УЈП, туку и значаен придонес за меѓународната видливост и позиционирање на Република Северна Македонија како земја со модерна, реформски ориентирана и транспарентна даночна администрација.

Управата за јавни приходи останува посветена на реализација на својата мисија – обезбедување стабилни јавни приходи преку ефикасен, правичен и транспарентен даночен систем.

   
   

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија