Memorandum_mk
12.07.2024
СИСТЕМИТЕ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Управата за јавни приходи известува дека денес 12.07.2024 година, поради опожарување на оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори меѓу кои и операторот кој обезбедува услуга за интернет симетричен пристап на УЈП, системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од 07:40 до 11.30 часот.

Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за реализација на Вашите права и обрвски кои ги остварувате преку истите.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија