Memorandum_mk
26.01.2026
ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ

 Управата за јавни приходи потсетува дека денес истекува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг. Според анализите на УЈП, до вчера 25.01.2026 година од очекуваните 42.247, доставени се 33.305 ДДВ-04 пријави, што претставува 78,8% од вкупниот број на ДДВ-04 пријави кои треба да се достават за конкретниот даночен период и е значително помалку споредено со претходните даночни периоди.

Искуството покажува дека одложувањето „за подоцна“ најчесто резултира со: непотребен стрес, дополнителни трошоци и прекршочни санкции. УЈП укажува дека поднесувањето на голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем, поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави. Од извршениот увид на УЈП, заклучно со овој момент, не се забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

Ненавременото или неподнесувањето на ДДВ-04 пријавите е прекршок согласно Законот за данокот на додадена вредност и Законот за прекршоци, за кој следуваат парични казни за правните и одговорните лица - последица која лесно може да се избегне со навремена реакција.

Едноставна навремена постапка = избегнати последици.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија