Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова заедно со заменик директорот Кемал Кроси денес одржаа работна средба со првиот заменик-претседател и министер за европски прашања во Владата на РСМ Беким Сали и шефот на кабинет Афан Елези.
На средбата се разговараше за тековните активности кои ги реализира УЈП и за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и координација на идните активности.
На средбата беше истакната важноста од континуиран дијалог и партнерство меѓу институциите, со цел унапредување на процесите и обезбедување поефикасно функционирање на системот во интерес на граѓаните и економијата.
