Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
16.05.2019
Намалување на неформалната економија - стратешки приоритет на УЈП

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со претставници на надлежни институции и Сојузот на Стопански Комори учествуваше на Форумот - „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“ кој се одржа денес во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“во х. Александар Палас
На форумот беа истакнати главните причини за појавата на сивата економија, а говорниците се задржаа на можните решенија и механизми со коишто значително ќе се намали истата.
Непријавени работници, нерегистрирани бизниси, мали трговци кои нецелосно го евидентираат готовинскиот промет и големи обврзници кои се вклучени во разни шеми на измами, се само дел незаконските делувања коишто ја создаваат сивата економија поради што се создава лош амбиент за работа на компаниите коишто се легално регистрирани, ги почитуваат законските обврски и редовно плаќаат данок.
Работејќи на решавање на овој горлив проблем самостојно, како и во соработка со другите надлежни институции, Управата за јавни приходи има нотирано остварување на приходи од неидентификувани извори, поточно правни или физички лица кои остваруваат приходи од инвестиции или сопственост коишто не и се познати на даночната администрација, како и ДДВ измами, поточно даночни обврзници кои бараат поврат за ДДВ или искажуваат влезен ДДВ којшто е фиктивен.
Намалувањето на неформалната економија е стратешки приоритет и цел на Управата за јавни приходи и во тој контекст континуирано се спроведуваат активности. За поефикасна борба и значително намалување на сивата економија се пристапи и кон измени на законската регулатива и фискална едукација.
“Со измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања се пропишува законска обврска за приложување на фискална сметка кон сметката којашто се сторнира. При издавање на фискална сметка ќе треба точно да се внесе начинот на плаќање, дали се плаќа во готово или со платежна картичка. УЈП иницираше и измени и на Законот за даночна постапка за низа одредби врз основа на коишто се регулираат постапките на Управата за јавни приходи. Значителна измена е предложена во делот на третманот на нерегистрираните даночни обврзници во насока на заострување на критериумите за санкционирање на овој вид на даночни обврзници, односно зголемување на глобите како и пропишување на задолжителна мерка привремена забрана за вршење на дејност на нерегистрираните даночни обврзници. Покрај наведеното, со измените на Законот за даночна постапка се прецизира и постапката на службената регистрација и задолжување на овој вид на даночни обврзници” рече Лукаревска.
На форумот говореа и министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова и директор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива финансиран од УСАИД, Љубомир Димовски.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија