Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
05.02.2020
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА ВТОРАТА ИСПЛАТА ОД МОЈДДВ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДДВ КАЈ ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА

Денес во Управата за јавни приходи се одржа прес конференција посветена на втората исплата од МојДДВ согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека со втората исплата од МојДДВ на трансакциските сметки кај 197 819 граѓани корисници на апликацијата ќе бидат исплатени вкупно 238 075 865 денари, а за првото тромесечје од мерката односно за месеците јули, август и септември 2019 година исплатени се 157 780 662 денари кај 147 251 граѓани корисници на апликацијата МојДДВ.
Директорката извести дека исплатата од првото тромесечје е сеуште во тек за оние граѓани кои извршиле корекции на трансакциските сметки, и апелираше граѓаните да ги проверат трансакциските сметки коишто ги внеле во апликацијата МојДДВ и доколку има грешка да ја корегираат по што ќе следува исплата од страна на УЈП. Директорката ги посочи и конкретните придобивки од мерката, покрај враќање пари назад кај граѓаните се забележува и намалување на сивата економија.
По воведувањето на МојДДВ наплатата на ДДВ споредена со месеците јули-декември 2019 со периодот јули декември 2018 година покажува зголемување за 11,2%., зголемено е и пријавувањето на нерегуларности поврзани со фискални сметки каде што на линијата 198 - од почетокот на оваа мерка до денес има вкупно 1687 во однос на периодот јули -јануари минатата година каде што имаше вкупно 741 пријави за неправилности.

Намалувањето на сивата економија е стратешки приоритет и цел на Управата за јавни приходи и во тој контекст континуирано се спроведуваат активности насочени за реализација на стратешката цел, како во однос на измени во законска регулатива и фискална едукација, учество во национални стратегии, склучување на меморандуми за соработка, како и континуирано спроведување на контроли кај даночни обврзници по Законот за регистрирање на готовински плаќања во однос на поседување на фискален систем на опрема и регистрирање на готовинските плаќања. Лукаревска истакна дека во периодот јули-декември 2018 споредбено со истиот во 2019 најчести неправилности утврдени со контролите се неиздавање на фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена за фискална сметка, непоседување на резервен фискален систем на опрема како и непоседување и неевидентирање на податоци во Книга за дневен финансиски извештај и итна сметководствена книга.

Директорката изрази задоволство од популарноста на МојДДВ и истакна дека со намалување на сивата економија, пријавувањето на нерегуларности и враќање на пари кај граѓаните се зголемува довербата во оваа мерка.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија