Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
23.05.2007
Од 23 до 25 мај 2007 година, делегација на Управата за јавни приходи, предводена од Генералниот Директор на УЈП, г-дин Горан Трајковски, ќе престојува во работна посета на Управата за даночна и финансиска контрола на Унгарија. Целта е воспоставување на билатерална соработка и размена на искуства во даночното работење, посебно во делот на надворешната контрола, анализа на ризик и работењето на канцелариите за големи даночни обврзници.
|
|
21.05.2007
Земајќи предвид дека изминатиот период УЈП ги најави контролите на работењето на политичките партии за време на локалните избори 2005 и парламентарните избори 2006 година, неразбирлива е паничната реакција на Социјал Демократскиот Сојуз, од причина што станува збор за редовна постапка на Управата за јавни приходи.
|
|
06.05.2007
Во текот на вчерашниот ден, 05.05.2007/сабота, Управата за јавни приходи спроведе засилен инспекциски надзор по основ на примена на Законот за регистрирање готовински плаќања кај даночните обврзници.
|
|
04.05.2007
По претходни сознанија и пријави на граѓани на телефонската линија 198, на на 03.05.2007/среда, 7 мобилни тима на УЈП (15 инспектори) извршија инспекциска контрола на угостителските објекти во Куманово.
|
|
28.04.2007
Само во првото тримесечие од 2007 година, УЈП на десет големи даночни обврзници кои искажале најголеми побарувања за враќање на данокот на додадена вредност реализираше поврат на ДДВ во вкупен износ од 1.627.955.040,00 денари.
|
|