Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
07.11.2008
Во врска прилогот на новинарката Емилија Јовановска -“Автопазарот недостапен за инспекторите на УЈП“, кој беше прикажан во вестите на телевизија “А1“, на 06.11.2008/четврток/, Управата за јавни приходи ги демантира пласираните информации во јавноста и наводните изјави на УЈП“ дека пазарот бил неорганизиран и затоа нивни инспектори таму не правеле контроли“, со што е нанасена штета на угледот на институцијата и тенденциозно и погрешно е информирана јавноста за надлежностите и активностите на Управата за јавни приходи.
|
|
|
03.11.2008
На веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија објавен е преглед на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва запишани во Судскиот регистар кои до денот на влегувањето на сила на овој закон не се усогласени со одредбите на Законот за трговските друштва и на правните лица, трговците - поединци и трговските друштва кои се запишани во Трговскиот регистар, а чиишто сметки не се пренесени во деловните банки од поранешниот Завод за платен промет и истите не се блокирани.
|
|
|
31.10.2008
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради упад во системот на УЈП, 900 даночни решенија на Управата за јавни приходи содржат текст на македонски јазик со поддршка на грчи јазик.
|
|
|
02.10.2008
Во сите случаи каде ќе се утврди дека даночниот обврзник има инсталирано и употребува фискален апарат, но постои разлика (кусок или вишок) меѓу остварениот промет и регистрираниот промет (без оглед на висината на разликата), Управата за јавни приходи ќе пристапи кон изрекување на мерка времена забрана за вршење на дејност и глоба.
|
|
|
02.10.2008
Во периодот од 12 до 30 септември 2008 година, Управата за јавни приходи го контролираше работењето на бензиските пумпи на целата територија на Македонија, при што кај 40 даночни обврзници утврдени се неправилности во работењето – во поголемиот број случаи даночните обврзници не издавале фискални сметки, односно кај истите е утврдена разлика (кусок или вишок) меѓу остварениот промет и регистрираниот промет.
|
|