Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави и плаќање на даноците во законски предвидените рокови.
Во календарот даден е преглед на роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава и да извршите плаќање по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава или да се изврши плаќање на данокот е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Извршете плаќање по основ на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   ДБ Фирми Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на добивка (МДБ)
до 15-ти во месецот   ДЛД-ДБ Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход по основ на “ДЛД-ДБ“ преку реализација на ПП53 налогот од електронската пресметка “МДЛД” во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   е-ППД Паушалисти Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход од вршење самостојна дејност преку реализација на ПП53 налогот од Електронски пресметки (е-ППД) кои се прилог кон решенијата за утврдување на годишниот данок за доходот остварен од вршење дејност во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   е-ППД Граѓани Извршете плаќање на аконтацијата на данокот на личен доход преку реализација на ПП53 налогот од одобрените Електронски пресметки (е-ППД) кои ги имате поднесено за остварениот доход во земјата и странство во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”).
до 15-ти Јануари   ДЛД-ГИ/ЦД Централен депозитар за хартии од вредност Поднесете Годишен извештај за стекнување и продажба на хартии од вредност (образец ДЛД-ГИ/ЦД), во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти Јануари   ДЛД-ГИ/ДУИФ Друштва за управување со инвестициски фондови Поднесете Годишен извештај за остварениот доход од удели во инвестициски фонд (образец "ДЛД-ГИ/ДУИФ''), во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
до 20-ти Јануари   ДЛД-02 Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДЛД-02”), во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk заради користење на даночно олеснување од данок на доход во Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ“).
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително: 1) поднесете даночна пријава “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk и 2) извршете плаќање по основ на поднесената даночна пријава “ДДВ-04”.
до 31-ви Јануари   ДЛД-БС Трговец - поединец и самостоен вршител на дејност Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање на согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот во даночен биланс (образец "ДЛД- БС") во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДД-БС Фирми Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање-согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец "ДД- БС") во електронска форма преку системот http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДЛД-ИД/ФЛ Физичко лице Доколку сте донирале финансиски средства на правно лице според одредбите од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, за остварување на даночното поттикнување, доставете Извештај за донација до Управата за јавни приходи во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија