Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


И
Играчница (казино)

Посебно уредена деловна просторија во посебно изграден објект или пак во состав на хотел со најмалку четири ѕвездички. Посебно уредената деловна просторија во посебно изградениот објект треба да претставува посебна градежна целина или одвоен дел од зграда која е со посебен влез и потребна деловна и градежна функционалност.

 
Игри на среќа

Игри во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Општи игри на среќа се: лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа. Посебни игри на среќа се игри на среќа во казино, игри на среќа во обложувалница и игри на среќа во автомат клуб. Интернет игри на среќа се општите и посебните игри на среќа, како и други видови на игри на среќа во кои учесникот може да учествува преку глобалната интернет мрежа.

 
Игри на среќа во автомат клуб

Игри кои се приредуваат на автомати, електронски рулети и други апарати со повеќенаменска улога и добивка (мултиплеер) и на системот на автоматите кој подразбира поврзување на поголем број автомати поради формирање на еденствен џек пот со исти и истовремени можности на сите учесници во играта.

 
Игри на среќа во казино

Игри на среќа во кои учесниците во игрите на среќа играат против казиното или еден против друг во согласност со меѓународните правила на масите за игра со топчиња, коцки и карти.

 
Игри на среќа во обложувалница

Игри на среќа во кои учесникот во согласност со правилата на играта се обложува на идни реални настани или реални настани кои се во тек во времето на обложувањето и тоа на настани кои се однесуваат на:

  • спортски натпреварувања,трки и слично,
  • танцови, пеачки, музички и слични натпреварувања и
  • други натпреварувања.
 
Извештај за уплатен данок по задршка

Пропишан образец за даночно известување, во кој исплатувачот на приходи на странските правни лица (домашно правно лице, домашно физичко лице - регистрирано за вршење на дејност и странско правно лице или физичко лице-нерезидент со постојана деловна единица во Република Северна Македонија) еднаш годишно, го известува органот за јавни приходи за износот на задржаниот и платен данок по задршка, на остварените приходи на странските правни лица за кои е предвидена наведената обврска.

(види и образец ДД-И)
 
Извозни давачки

Се царина и други давачки со еднаков ефект на царина, кои се плаќаат при извоз на стока.

 
Извори на финасирање на општините

Сопствени извори на приходи (локални даноци, надоместоци и такси утврдени со закон) од дотации
од државата и други извори на приходи, како и право да се задолжува на домашниот и странскиот пазар на капитал.

 
Извршност на плаќање

Паричната обврска која потрошувачите ја извршуваат со плаќање по пошта, банка или друга институција за плаќање ќе се смета за извршена со денот кога поштата, банката или другата институција за плаќање ќе го прими налогот од потрошувачот.

 
Излачен доверител

Лице кое врз основа на некое свое стварно или лично право може да докаже дека некој предмет не спаѓа во стечајната маса.

 
Иматели на информации од јавен карактер

Органи на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавни установи и служби, јавни претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и работи од јавен интерес утврдени со закон.

 
Имот (согласно Закон за стечај)

Претставува сопственост од секаков вид, материјална или нематеријална, подвина или неподвижна, телесна или бестелесна, други права врз предметите, побарувања, како и јавни исправи и други легални документи за сопственост, други права, побарувања и актива во пишан или во електронски облик.

  • на должникот во стечај - имотот, правата и интересите на должникот вклучувајќи ги правата и интересите во имотот без оглед дали е во владение на должникот или не, материјалните и нематеријалните права, правта на интелектуална сопственост, правата на движен и недвижен имот, вклучувајѓи ги и правата на должникот во оптоварениот имот, односно имот кој е во сопственост на трети лица.
  • на трговско друштво - севкупност на права, сопственички и други стварни права што друштвото ги стекнува над добрата(парите, предметите и правата) што содружниците односно акционерите ги вложиле во друштвото или кои што друштвото ги стекнало со своето работење.
  • за обезбедување во стечај - имотот со кој се обезбедуваат побарувањата на доверителот.
 
Инстант лотарија

Игра на среќа во која учесникот поседува лоз кој го издава приредувачот на играта на среќа, на кој во согласност со правилата на играта на среќа, однапред е впишан вид и износ на добивка или одреден симбол или број кои се прекриени со соодветна заштита, а која учесникот ја отстранува со гребење на заштитата. Лозот е добитен кога на него е назначена добивка или одреден симбол или број кои во согласност со правилата на играта претставуваат добивка.

 
Интегриран автоматски систем на управување

Систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со Управата за јавни приходи, за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен извештај.

 
Интерактивни игри на среќа

Игри на среќа кои се приредуваат преку средствата за електронски комуникации, односно телекомуникации и кои се реализираат преку одговорање на прашања или демонстрирање на знаења или вештини, под услов учеството во играта да е условено со уплата (влог) од страна на учесникот во играта и тоа од телефонски такси или која било друга форма на уплата (влог) од страна на учесникот во играта.

 
Интернет игри на среќа

Игри на среќа во кои учесникот во игрите на среќа може да учествува по пат на глабалната интернет мрежа (ГИН).

 
Информации од јавен карактер

Информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија