Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Пресметки и исправка на плата за минат период

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (за 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010 и 2009 година) или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ја користите најновата верзија на клиентскиот софтвер и стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период, согласно Законот.

При исплатата на плата за 2011, 2010 и 2009 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за 2014, 2013 и 2012 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати.

При исплата на плата за месец Јануари и Февруари 2015 година не се применува границата од шест просечни плати како највисока основица за пресметка на придонесите, односно придонесите се пресметуваат на целиот износ на бруто основицата, додека исплатата на плата почнувајќи од месец Март 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, изнесува дванаесет просечни плати и износот од осум просечни плати за пресметување на придонесите за самовработено лице.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија