Companies search
Enter name, head office, unique tax number or identification number of company
M
T
W
T
F
S
S
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Преглед на образец
Барање за ослободување од данок на други приходи / Claim for exemption from tax on other incomes
Кратко име: ЗД-О/ДП
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето за ослободување од данокот на други приходи (образец “ЗД-О/ДП“) врз основа на одредбите од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување се пополнува во 4 примероци: за надлежниот даночен орган на странската држава; за примателот на приходот; за исплатувачот на приходот; за Управата за јавни приходи.

Пред исплатата на приходот, примателот пополнува 4 примероци од барањето и ги поднесува до надлежниот даночен орган во државата на која е резидент со цел да се потврди дека е резидент на таа држава (со пополнување и заверување на делот 6 од образецот).
Надлежниот даночен орган на странската држава задржува еден примерок од образецот.
Примателот останатите три примероци од образецот ги доставува на исплатувачот, а исплатувачот трите примероци комплетно пополнети ги доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола, го заверува поднесеното барање, задржува еден примерок за свои потреби, а останатите два примероци ги враќа на исплатувачот на приходот (за исплатувачот и за примателот на приходот).

За секоја исплата на приход се поднесува ново барање.
Управата за јавни приходи може, во случаи кога исплатувачот исплатува приход во еднакви временски периоди по иста основа, да одобри олеснувања за подолг временски период.

Pdf_16   Барање за ослободување од данок на други приходи / Claim for exemption from tax on other incomes  (623 KB)
 


© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia