Companies search
Enter name, head office, unique tax number or identification number of company
M
T
W
T
F
S
S
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Преглед на образец
Барање за враќање на данок на камата / Claim for refund of tax on interest
Кратко име: ЗД-В/КА
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето за враќање на данок на камата (образец “ЗД-В/КА“) врз основа на одредбите од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување се пополнува во 4 примероци: за надлежниот даночен орган на странската држава; за примателот на каматата; за исплатувачот на каматата; за Управата за јавни приходи.

Примателот на камата пополнува 4 примероци од барањето и ги поднесува до надлежниот даночен орган во државата на која е резидент со цел да се потврди дека е резидент на таа држава (со пополнување и заверување на делот 6 од образецот).
Надлежниот даночен орган на странската држава задржува еден примерок од образецот.
Примателот останатите три примероци од образецот ги доставува на исплатувачот, а исплатувачот трите примероци комплетно пополнети ги доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола, го заверува поднесеното барање, задржува еден примерок за свои потреби, а останатите два примероци ги враќа на исплатувачот (за исплатувачот и за примателот на каматата).

Pdf_16   Барање за враќање на данок на камата / Claim for refund of tax on interest  (661 KB)
 


© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia