Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
27.05.2025
Подготовка за имплементација на Глобалниот минимален данок, почетна обука за зајакнување на даночните службеници

Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) заедно со странски експерти започнаа специјализирана обука за имплементација на Глобалниот минимален данок, (GloBE), за кој државата има донесено и Закон за минимален глобален данок на добивка.

Целта на оваа обука е да се изградат капацитети кај даночната администрација како и да се стекнат со практично знаење за успешно спроведување на глобалниот минимален данок во национален контекст.

На отворањето на настанот, директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, ги поздрави присутните и изрази искрена благодарност до амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, до тимот на УНДП во Р.С. Македонија за нивната несебична поддршка на иницијативата како и за реализацијата на обуката.

Поддршката, како што нагласи директорката на УЈП, не е само финансиска – таа претставува силен сигнал за значењето кое го придаваат на воспоставувањето фер и ефикасен даночен систем, усогласен со глобалните предизвици и стандарди што е од особена важност за даночната администрација да биде во тек со најновите регулативи и трендови.

„Сведоци сме дека даночниот систем на 21 век се наоѓа на пресвртница. Со години наназад гледавме како големи мултинационални компании успеваат да пренасочат добивка во земји со ниски или нула даноци, при тоа избегнувајќи фер учество во буџетите на земјите каде што реално ја остваруваат својата економска активност. Глобалниот минимален данок, кој произлегува од Пилар 2 на проектот на ОЕЦД/Г20, претставува глобален обид за заштита на даночната основа и обезбедување на ефективна минимална стапка од 15% на корпоративниот данок за најголемите мултинационални компании. Неговата имплементација има за цел да воспостави подобра рамнотежа, да го намали штетниот даночен натпревар и да ја зголеми довербата во даночните системи. Оваа обука не е само пренос на знаење – таа е дел од нашата подготовка како држава да бидеме информирани, да ги процениме сопствените предизвици и можности и да донесеме одлуки што се во интерес на јавните финансии, но и на правичноста и стабилноста на економијата.-рече директорката.

На настанот таа ги охрабри присутните да бидат активни, да разменуваат, црпат искуства, бидејќи тоа што ќе се научи на оваа обука не е само техничка материја, туку истото претставува суштински дел од иднината на фискалниот суверенитет и нашата улога во глобалниот економски систем.

На настанот се обрати и Н.Е. амбасадорот на Р. Словачка во нашата земја г-дин Хенрик Маркуш, кој го потенцираше значењето на меѓународната координација во областа на даночната политика.
„Живееме во време кога интегритетот и ефикасноста на јавните финансиски системи се поважни од кога било. Обезбедувањето фер, транспарентни и меѓународно усогласени даночни системи претставува основен услов за економска стабилност, социјална еднаквост и одржлив развој. Затоа Република Словачка, преку своето Министерство за финансии, со гордост ја поддржува оваа обука како дел од поширока иницијатива за зајакнување на јавните финансиски системи во земјите партнери.“ – рече Н.Е. амбасадорот на Р. Словачка во земјава Хенрик Маркуш.

Постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григорјан, на настанот појасни дека обуката е само еден дел од поширокото, долгорочно партнерство помеѓу УНДП и Владата на Република Северна Македонија.

„Ние остануваме цврсто посветени на поддршката на напорите на земјата за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во управувањето со јавните финансии.“ – рече постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан,

Оваа обука е дел од проектот на УНДП за поддршка на реформата на управувањето со јавните финансии во земјава, финансиран од Министерството за финансии на Словачката Република, како и за поддршка на Даночните инспектори без граници (TIWB) – заедничка иницијатива на УНДП и ОЕЦД

Глобалниот минимален данок е меѓународна иницијатива за воведување на минимална стапка на данок од 15% на добивките на големите мултинационални компании, без разлика во која држава работат. Целта е да се спречи „даночната конкуренција“ помеѓу државите и да се обезбеди праведно оданочување на профитот таму каде што се остварува.

Оваа иницијатива е дел од договорот во рамките на OECD/G20, познат како Пилaр 2, каде што над 140 држави се согласија да го применуваат. Се однесува на компании со глобален приход над 750 милиони евра годишно.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија