Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
16.11.2015
Физички напад врз даночен службеник во Тетово

Тетово - Денес/16 ноември 2015 година, вработен во Регионалната дирекција во Тетово е физички нападнат од даночен обврзник. Имено, странката заради добиена опомена за неплатен долг за придонес за здравствено осигурување од вршење на земјоделска дејност, влегол во канцеларијата каде даночниот службеник ги вршел своите работни обврски, а откако упатил вулгарни и заканувачки пораки, обврзникот и физички го нападнал вработениот.
По инцидентот, случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото на настанот.

За жал, ваквите инциденти на вербални и физички напади на вработени во УЈП, во изминатите години зачестуваат. Управата за јавни приходи како и секојпат изразува згрозеност од навреди, бруталност и било каква форма на насилство, со што се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности за наплата на даноците.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија