|
"СООПШТЕНИЕ ЗА ЛИЦА
КОИ ИМААТ ОБВРСКА САМИ ДА ГО ПРЕСМЕТУВААТ
И ПЛАЌААТ ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК"
Резидентите
на Република Македонија кои остваруваат лични примања
од странство, како и лицата кои остваруваат лични
примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва
со седиште во РМ, а за кои исплатувачот на приход
не го пресметал и платил персоналниот данок, имаат
обврска сами да го пресметаат и платат персоналниот
данок. повеќе
"ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН
БИЛАНС"
Правните
лица кои се обврзници на данокот на добивка, со
исклучок на малите трговци на кои им се утврдува
годишен данок на вкупен приход и обврзниците со
посебен даночен статус ( друштво за вработување
на инвалиди и инвалидизирани лица, стопанска единица
во рамките на казнено поправните установи, и корисник
на технолошко индустриска и развојна зона ), данокот
го плаќаат во вид на месечни аконтации на образецот-месечен
даночен биланс ( "МДБ" ).повеќе
"ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР 2008"
"Даночниот
календар" претставува Ваш годишен потстеник
за навремено поднесување на даночните пријави во
законски предвидени рокови. Во оваа Брошура даден
е преглед на роковите за поднесување на даночните
пријави по одделни видови даноци. повеќе
"ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО " ЗЛАТНА
КАРТИЦА ЗА ПОВРАТ НА ДДВ ВО 2008 ГОДИНА"
За прв пат во 2008 година доделено
е признанието " Златна картица за поврат на
ДДВ " на 37 компании, кои во 2007 година ги
исполнија утврдените критериуми на Управата за јавни
приходи. повеќе
Компании
добитници на признанието " Златна картица за
поврат на ДДВ во 2008 година "
"ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА 2007 ГОДИНА"

Годишниот извештај за 2007 година
е прв извештај преку кој Управата за јавни приходи
ги презентира на јавноста едногодишните активности
и постигнатите резултати во 2007. Извештајот е производ
на процесот на модернизација на УЈП, на кој интензивно
се работеше изминатата година. Таквите процеси условија
во 2007 година да се остварат значајни резултати
во сите домени од работењето на Управата за јавни
приходи.
Годишен
извештај на Управата за јавни приходи за 2007 година
СООПШТЕНИЕ ЗА ПОСТАПКАТА
НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИДЕНТИФИКАЦИОНЕН БРОЈ НА
СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА
Со најновите измени на Правилникот
за начинот на пресметување и уплатување на данокот
на добивка и спречување на двојното ослободување
или двојното оданочување, се пропиша начинот на
оданочувањето на приходите кои странските правни
лица ги остваруваат во РМ.
повеќе |