Ги информираме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка.
Соодветно ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч.
Во овој контекст ги повикуваме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, се до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч. Сите МПИН пресметки поднесени до оваа објава преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk, ќе бидат обработени.
Напоменуваме, дека оваа постапка нема да има влијание на обработката на МПИН пресметките поднесени преку системот е-Даночни услуги.
По завршување на целокупниот процес, Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение и насоки за понатамошно постапување во однос на преземање на новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи и поднесување на МПИН пресметките.