Изготвена е нова комбинација со вид на обврзник 110 и вид на обврска 553 за поднесување на корекција (исправка) на МПИН пресметка со вид на обврска 555. МПИН пресметката со вид на обврска 553 (исправка) се поднесува по претходно извршено плаќање на МПИН пресметка со вид на обврска 555. Исправката (553) се поднесува само за оние вработени лица за кои работодавачот има потреба да изврши корегирање (исправка) на податоците од поднесената и платена МПИН пресметка со вид на обврска (555). Начинот на пополнување на исправката 553 е ист како и за исправката со вид на обврска 103.
За да можете да поднесете корекција (исправка) на МПИН пресметка со вид на обврска 553, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 30.12.2015 година), преку веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).