Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави и плаќање на даноците во законски предвидените рокови.
Во календарот даден е преглед на роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава и да извршите плаќање по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава или да се изврши плаќање на данокот е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Февруари
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29      
Обрасци кои се поднесуваат во месец Февруари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   ДБ Фирми Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на добивка (МДБ)
до 15-ти во месецот   ДЛД-ДБ Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход по основ на “ДЛД-ДБ“ преку реализација на ПП53 налогот од електронската пресметка “МДЛД” во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Извршете плаќање по основ на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   е-ППД Граѓани Извршете плаќање на аконтацијата на данокот на личен доход преку реализација на ПП53 налогот од одобрените Електронски пресметки (е-ППД) кои ги имате поднесено за остварениот доход во земјата и странство во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   е-ППД Паушалисти Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход од вршење самостојна дејност преку реализација на ПП53 налогот од Електронски пресметки (е-ППД) кои се прилог кон решенијата за утврдување на годишниот данок за доходот остварен од вршење дејност во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти Февруари   ДД-И Фирми Доколку вршите исплата на приходи на странски правни лица кои се оданочиви по задршка (данок на задршка), должни сте да поднесете (образец “ДД-И”).
до 25-ти Февруари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително: 1) поднесете даночна пријава “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk 2) извршете плаќање по основ на поднесената даночна пријава “ДДВ-04”.
до 28-ми Февруари   ДБ Фирми Доколку сте правно лице/резидент на РСМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или постојана деловна единица на нерезидент која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РСМ, поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка. Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на “ДБ“ е до 15-ти Март.
до 28-ми Февруари   ДБ-НП/ВП Непрофитни организации Доколку вкупниот годишен приход од стопанската дејност ви е поголем од 1.000.000 денари, поднесете Даночен биланс на непрофитни организации (образец ''ДБ-НП/ВП''), до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку системот http://etax.ujp.gov.mk
до 28-ми Февруари   ДБ-ВП Фирми Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход односно сте оствариле вкупен приход во претходната година до 3 милиони денари на годишно ниво или пак од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, поднесете (образец “ДБ-ВП“). Доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, рокот за доставување на“ДБ-ВП“ е до 15-ти Март.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија