Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Основица за пресметка на придонесите

Основицата на која се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување се определува, односно зависи од видот на примањето кое го остварува обврзникот за плаќање на придонесите:

  • Плата, дополнителни примања од работен однос
  • Паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво
  • Плата за работа со скратено работно време
  • Просечна плата за самостоен уметник, врвен спортист, лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор, малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно - поправен дом и граѓаните кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на задолжителен придонес за здравствено осигурување
  • Месечната аконтација на нето приходот за самовработено лице
  • Пензијата, односно надоместокот според прописите на пензиското и инвалидското осигурување
  • Просечна плата на работникот остварена во годината пред престанокот на задолжителното
    осигурување, за лицата кои пристапиле во продолжено пензиско и инвалидско осигурување, согласно со закон.
  • 20% од просечно исплатената месечна плата по работник за индивидуален земјоделец
  • 50% од просечно исплатената месечна плата по работник за:
    верско службено лице, лице корисник на постојана парична помош; лице со статус на признаен бегалец; лице под супсидијарна заштита; лице сместено во згрижувачко семејство; лице сместено во установа за социјална заштита; корисник на паричен надоместок за помош и нега на друго лице; лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи социјална парична помош; лице жртва на семејно насилство за кое се презема мерка на заштита согласно со Законот за семејството; лице опфатено со организирано самостојно живеење со поддршка, а не може да се осигурат по друга основа; лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор, ако не е осигурено по друга основа; малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно - поправен дом, односно установа; учесник во НОВ; воен инвалид; индивидуален земјоделец.
  • Основицата за придонеси утврдена во судската пресуда, за извршител за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда.
  • Износот од стечaјната маса што е распределен за уплата на придонеси, стечаен управник за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.

Најниска основица

  • Основицата за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
  • За самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од просечната плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока основица

  • За МПИН пресметките почнувајќи од месец Јануари 2018 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:
    - Износот од шеснаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос и на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво.
    - Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.
  • За МПИН пресметките почнувајќи за месец Август 2015 до Декември 2017 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:
    - Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос; и на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво.
    - Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице
  • За МПИН пресметките почнувајќи за месец Март до Jули 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:
    - Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос; и за примања по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.
    - Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.
  • За МПИН пресметките кои се однесуваат за месец Јануари и Февруари 2015 година не се применува границата од шест просечни плати како највисока основица за пресметка на придонесите, односно придонесите се пресметуваат на целиот износ на бруто основицата.
  • Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за месец Јануари 2012 заклучно со Декември 2014 година е износот од шест просечни плати.

При пресметка на највисоката месечна основица за тековната година се зема во предвид просечната плата по работник во Р.Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

На износот повисок од највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат придонеси, но се пресметува и уплатува персонален данок.

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонеси за тековната година за лице корисник на паричен надоместок за време на привремена невработеност изнесува 80% од просечната плата по работник во Република Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

За МПИН пресметките кои се однесуваат на задоцнето поднесени пресметки, исправки на пресметки, исплата по основ на деловна успешност и слично, придонесите од задолжително социјално осигурување се пресметуваат со применување на највисоката основица за пресметка на придонеси согласно законот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија