Memorandum_mk
Втора регионална конференција на даночни администрации
22.12.2008

На огромно задоволство на македонската даночна администрација, која во 2007 година беше иницијатор и организатор на Првата балканска даночна конференција, овогодинешната средба на високите претставници на даночните администрации од балканскиот регион се одржа од 18 до 20 декември 2008 година во Тирана - Албанија.

На Втората регионална конференција на тема "Модернизацијата на даночната администрација - Клуч за успешни реформи во државата" присуствуваше и делегација од Управата за јавни приходи предводена од директорот Горан Трајковски кој имаше и свое излагање за модернизацијата и постигнатите резултати на македонската даночна администрација во 2008 година.

New_image3_thumb   New_image1_thumb   New_image2_thumb   New_image_thumb  
 
 
 
 
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија