Memorandum_mk
Промовиран новиот Контакт центар и новите даночни услуги на УЈП
28.11.2017

(Скопје, 28.11.2017) Новиот Контакт центар на УЈП ги исполнува сите стандарди за обезбедување на брза, лесна и квалитетна даночна услуга. Подобрувањето на условите и пристапот до нашите услуги, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето опшество, развојот на кориснички ориентирани сервиси за фирмите и граѓаните, овозможување на електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночните информации, намалувањето на административните трошоци и поедноставувањето на постапките се целите кои ги постигнавме заедно со нашите партнери и со ЕУ поддршката од 1,5 милиони евра преку ИПА фондовите, преку која имплементиравме седум проекти.
Контакт центарот на УЈП располага со модерна и пријателска околина за корисниците на нашите услуги и секако за вработените. Вградивме добри даночни практики преку соработката со нашиот Твининг партнер – Шпанската даночна администрација, а обезбедивме и полесен пристап до даночните услуги во најмалите места со дополнителните два Мобилни даночни шалтери.
За даночните обврзници е обезбеден и пристап до новата специјализирана веб страница kontaktcentar.ujp.gov.mk и двете нови услуги на УЈП „ЗАКАЖИ СРЕДБА“ и „ИНФОРМА“.
Секоја заинтересирана странка има можност да закаже средба со даночен агент во време кое нему му одговара, и тоа он-лајн преку новата веб страница на Контакт центарот или телефонски преку Инфо центарот 0800 33 000. Користењето на новата услуга „ЗАКАЖИ СРЕДБА“ ќе биде во прво време на доброволна основа, а од 1 Мај 2018 година задолжителна доколку странката има потреба да оствари средба со даночните служби во Регионална дирекција Скопје. Од 2019 година, услугата ќе биде достапна и за закажување на средба и во другите даночни канцеларии на УЈП.
„ИНФОРМА“ е исто така нова услуга, односно електронски систем преку кој им овозможуваме на даночните обврзници да вршат он-лајн пребарување и да имаат брз и лесен пристап до општи даночни информации, до најчесто поставуваните прашања и одговори поврзани со постапките на оданочување, пријавување и плаќање на данок и нивните даночни права и обврски.
Нашата посветеност кон модернизацијата на даночната администрација и поедноставување на даночните постапки останува. Во овие процеси, клучна е улогата на вработените во УЈП и секако поддршката која ја добиваме од Министерството за финансии и нашите партнери, особено Европската Унија со кои веќе заеднички работиме на поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на персоналниот данок, но и развој и реинженеринг на даночните процеси со цел имплементација на нов даночен интегриран ИТ систем, проекти кои ќе ја доближат Република Македонија до ЕУ практиките, ќе овозможат електронска даночна администрација и најважно навремена подготовка и исполнување на критериумите за влез на државата во заедницата на европските држави (види и http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167).


ВИДЕО
 


ФОТО ГАЛЕРИЈА

1_thumb   2   2_thumb   4_thumb  
 
 
 
 
               
5_thumb   6_thumb   7_thumb   8_thumb  
 
 
 
 
               
9_thumb   10_thumb   11_thumb   12_thumb  
 
 
 
 
               
13_thumb   14_thumb   15_thumb      
 
 
     
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија