Среда, 25.11.2015 12:00 - 13:00, ПОУ „Свети Климент Охридски“ (Ново Село, Струмица)
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на свеченото предавање на хуманитарниот прилог на даночниците за ПОУ „Свети Климент Охридски“ (Ново Село, Струмица), кое ќе се одржи на 25.11.2015 (среда), во 12:00 часот.
Хуманитарната акција под мотото „Биди човек, биди хуман“ се организира во рамки на Програмата за одбележување на „Св. Матеј“ - Денот на даночниците.