Memorandum_mk
Даночниците во хуманитарна и крводарителска акција
Понеделник, 27.11.2017 14:00 - 15:00, ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца - Битола“

Поттикнати од желбата да покажеме поинаква одговорност и да дадеме свој придонес кон заедницата и кон најранливите групи на кои помошта им е најпотребна, во рамките на програмата за одбележување на „Денот на даночниците“, вработените во Управата за јавни приходи ќе даруваат крв на 15 пунктови низ Македонија и ќе донираат хуманитарен прилог во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца - Битола“.
По тој повод, Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на 27.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот ќе ги посети крводарителите во Дневениот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ во Скопје.
Свеченото предавање на хуманитарниот прилог од страна на Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и Претседателот на синдикална организација на УЈП, Васе Неданоски ќе се одржи во просториите на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца - Битола“, на 27.11.2017 (понеделник), во 14:00 часот.

Во прилог Агенда и настаните кои ќе се реализираат во рамките на програмите за општествена одговорност на УЈП и за одбележување на Денот на даночниците.

Ги покануваме претставниците на медиумите да ги проследат настаните.

Список на учесници
  • Сања Лукаревска

    Директор на УЈП

  • Васе Неданоски

    Претседател на синдикална организација на УЈП

Лице за контакт
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија