Memorandum_mk
Конференција за медиуми - ЕУ поддршка за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персонален данок на доход за даночни обврзници (физички лица)
Среда, 06.12.2017 09:00 - 11:15, ЕУ Инфо центар Скопје

Во среда, 6 декември 2017 во 09.00 часот, во ЕУ Инфо центарот Скопје, ќе се одржи јавен настан за промоција на помошта од ЕУ за Управата за јавни приходи. На настанот, свое обраќање ќе имаат: Никола Бертолини - Раководител за соработка при ДЕУ, Драган Тевдовски - Министер за финансии, Сања Лукаревска - Директорка на УЈП и Елена Петрова - Проект координатор од УЈП.
Проектот „Поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персонален данок на доход за даночни обврзници – физички лица, којшто успешно се имплементираше во изминатата година, е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 EUR, овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните. Исто така, фокусот на проектот беше намалување на административниот товар и трошоците за пресметка и плаќање на даноците, зголемување на даночната ефикасност и следењето на наплатата на персоналниот данок на доход.
Во рамките на проектот развиени се нови веб базирани и кориснички ориентирани даночни услуги „е-Персонален данок на доход“ за пријавување и плаќање на персонален данок на доход од страна на граќаните и фирмите и зајакнати се капацитетите на Управата за јавни приходи за одржување и понатамошен развој на системот.
Со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на Персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година (по усвојувањето на измените наЗаконот за персонален данок на доход).
Преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе се овозможи издавање на пополнета Годишна даночна пријава од страна на УЈП во 2019 година за приходите кои граѓаните ги оствариле во 2018 година.

Новинарите и фоторепортерите се поканети да присуствуваат на настанот.

Лице за контакт
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија