Управата за јавни приходи ги поканува претставниците на медиумите на брифинг на тема „Граѓани – Навреме регистрирајте се на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk“ на кој ќе бидат презентирани новините во врска со Годишната даночна пријава, односно законската обврска на граѓаните да ја потврдат точноста или да ги корегираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава од УЈП.
Настанот ќе се одржи на 12.09.2018 година (среда), со почеток во 11.00 часот, во Контакт центар на УЈП (зграда до ЗОИЛ).
По завршувањето на настанот, претставниците на УЈП ќе дадат изјави и ќе одговараат на прашања на медиумите.