Memorandum_mk
УЈП на ФИНЕКСПО 2010
Среда, 01.12.2010 - Четврток, 02.12.2010, Скопски саем

СКОПЈЕ - Од 1 до 2 декември 2010 година, Управата за јавни приходи ќе има можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката јавност на 8-миот по ред Саем за финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО 2010, кој на едно место ги собира сите релевантни фактори од финансискиот сектор и бизнис заедницата.


Локација на штандот на УЈП

Нашиот штанд е лоциран на I кат, на самиот влез (од левата страна) на Управната зграда на Скопски саем.


Прашајте ги даночните експерти!

На штандот на УЈП ќе Ви биде достапен информативен материјал, стручна помош, консултации во врска со сите прашања од сферата на даночната проблематика, а кои се однесуваат на ДДВ, Персоналниот данок на доход, Данокот на добивка, Бруто-плата, Фискализација, Утврдување и плаќање на даноци, Отворање на бизнис и сл.


Презентации УЈП

Тема: Електронски услуги на УЈП
Целни групи: Правни лица и самостојни вршители на дејност

За време на специјализираната саемска манифестација, посетителите ќе имаат можност да ги посетат и обуките на УЈП за „е-Даноци - Електронско поднесување на даночни пријави“ преку кои ќе добијат и практични искуства за:

  • Електронско поднесување на даночна пријава
  • Електронски увид во даночна картица
  • Постапка за регистрација и добивање на Код за идентификација за е-Даноци

Датум: 02.12.2010 / четврток
Место: Бизнис сала во Конгресен центар, Управна зграда на Скопски саем
Време: 12.00 – 13.30 часот

Влезот е бесплатен!
 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија