Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Обуки е-Даноци - Нова законска обврска за тримесечните ДДВ обврзници
Среда, 08.05.2013 - Четврток, 30.05.2013, Богданци, Скопје, Битола, Прилеп, Дебар, Пробиштип, Македонски Брод, Штип, Кичево, Охрид, Крушево, Градско, Демир Хисар, Гостивар, Струга, Дојран, Крива Паланка, Кратово, Демир Капија, Тетово и Ресен

Од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат, преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk
Со цел навремено прилагодување на новините во даночното и финансиското работење, Ви препорачуваме да ги посетите обуките за е-Даноци кои Управата за јавни приходи ги организира во вашиот град/општина (види Распоред на обуки во прилог). 
На еднодневното советување, сите заинтересирани лица (правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа), имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е-Даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи и др.

Период: Од 8 до 30 мај 2013 година

Локација: Богданци, Скопје, Битола, Прилеп, Дебар, Пробиштип, Македонски Брод, Штип, Кичево, Охрид, Крушево, Градско, Демир Хисар, Гостивар, Струга, Дојран, Крива Паланка, Кратово, Демир Капија, Тетово и Ресен.

Организатор: Управа за јавни приходи - Даночна академија

Учество на обуката: Со регистрација (најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката), без финансиски надоместок.

Целна група: Правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа.

Ниво: Оперативно (учесниците на обуката треба да имаат основни познавања од интернет комуникација).

Опис на обуката: Еднодневна обука на која ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.


 
е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија