Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.12.2007
Во врска наводите изнесени на конференцијата за печат на СДСМ од 15.12.2007

Управата за јавни приходи, во рамките на своите надлежности и во тесна соработка со Државната комисија за спречување корупција, тековно постапува по одредбите од Законот за спречување корупција. Од тој аспект, последните наводи изнесени на конференцијата за печат на политичката партија СДСМ од 15.12.2007, УЈП ги смета за неосновани.

Ова не е првпат оваа политичка партија да ја повикува Управата и да ја дефокусира од своите основни функции.

Во оваа насока, уште еднаш апелираме до политичките партии да не ја користат Управата за јавни приходи за дневно-политички настани, туку активно и конструктивно да учествуваат во јакнење на институциите во Република Македонија.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија