Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.03.2009
Уште три дена за поднесување на Годишна даночна пријава

Според последните податоци на УЈП, заклучно со среда/11 март 2009/, поднесени се вкупно 45.645 Годишни даночни пријави. Само во текот на вчерашниот ден 9.000 граѓани ги поднеле своите даночни пријави за остварени приходи во текот на 2008 година.

По Регионални дирекции на УЈП, бројот на поднесени ГДП е следен:

  • РД Скопје - 27.456
  • РД Битола - 5.603
  • РД Тетово - 3.553
  • РД Штип - 5.169
  • РД Кавадарци - 3.864

Оваа година се очекува бројот на поднесени ГДП да биде поголема од минатогодишната, односно да достигне над 77.000.

Ги потсетуваме граѓаните дека до истекот на крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава остануваат уште три дена.

* Бидејќи крајниот рок за поднесување на даночните пријави (15 март 2009) се паѓа во неработен ден, како и поради зголемен број на пријави кои ќе се поднесуваат во наредните денови, прием на Годишна даночна пријава ќе се врши и на 14-ти март/сабота и на 16-ти март/понеделник, од 08:30 – 16:30 часот, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Македонија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија