Memorandum_mk
13.03.2009
Пред истекот на рокот - поднесени 57.179 Годишни даночни пријави

Заклучно со 12-ти март/четврток/, до даночните канцеларии на УЈП поднесени се вкупно 57.179 Годишни даночни пријави. Во текот на вчерашниот ден, околу 12.000 граѓани ја исполниле својата обврска и во Управата за јавни приходи ги пријавиле приходите кои тие ги оствариле во текот на изминатата 2008 година.

По регионални дирекции на УЈП, бројот на поднесени ГДП е следен: во РД Скопје - 32.256; во РД Битола - 7.835; во РД Тетово - 4.293; во РД Штип - 7.967; во РД Кавадарци - 4.828.

Годишните даночни пријави ќе можат да се поднесат и во сабота/14-ти март/ и понеделник/16-ти март, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија