Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.03.2009
Над 100.000 Годишни даночни пријави за остварени приходи во 2008

Според последните податоци на УЈП, бројот на граѓани кои ги пријавиле дополнително остварените приходи во изминатата 2008 година е 100.708. Конечната бројка на поднесени Годишни Даночни Пријави се очекува да биде поголем, земајќи ги предвид пријавите кои се очекуваат да пристигнат по пошта.

Најголем број на пријави се примени во Регионалната Дирекција Скопје и тоа 46.356, а во останатите:

  • РД Штип - 19.355
  • РД Битола - 18.061
  • РД Кавадарци - 9.229 и
  • РД Тетово - 7.707

До сега, бројот на ГДП ја надминува минатогодишната бројка на поднесени пријави за 30%.


Други корисни информации:

  • Поднесени ГДП за 2007 - вкупно 77.014
  • Граѓаните за 2007 пријавиле бруто приходи во вкупен износ од 41,1 милијарди денари
  • УЈП службено има изготвено 43.572 ГДП за 2007 година за даночни обврзници кои доброволно не поднеле даночни пријави и со кои е утврден непријавен бруто приход од 9,3 милијарди денари. 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија