Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.03.2009
Демант - "ВЕСТ" (текст: "15.000 работници ги чекаат казна од УЈП")

Во врска со текстот “15.000 работници ги чекаат казна од УЈП“, Управата за јавни приходи е на ставот дека со информациите пласирани од страна на редакцијата "ВЕСТ" се дава погрешна слика и толкување за постапувањето и надлежноста на УЈП која произлегува од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (ЗПЗСО). Со цел избегнување на евентуални заблуди и погрешно информирање за обврските на даночните обврзници, во врска со цитираните одредби од ЗПЗСО во текстот, УЈП ја информира јавноста за следното:

Работодавецот, после исплатата на платата на работникот, најдоцна за 15 дена, треба да му достави пресметка како доказ за износот на пресметани придонеси и доказ дека истите се платени, а работникот е должен да го пријави работодавецот во УЈП само во случај ако примил нето-плата, а не добил доказ дека за истата се платени придонесите. Оттука и глобата од 500 до 1000 евра во однос на работниците се однесува само во случаи кога работникот примил нето-плата, а не добил доказ од работодавецот дека за истата се платени придонеси и за тоа не ја известил УЈП.

Што се однесува, пак, до казнените одредби во случај кога платата воопшто не е исплатена (нето-плата и придонеси), истите се пропишани со Законот за работни односи и за истите не е надлежна УЈП.

Оттука, УЈП нема надлежност да врши казнување на работодавци кои воопшто не исплатиле бруто-плата, ниту пак да казнува работници кои не ја примиле нето-платата а тоа не го пријавиле во УЈП. Бројката од 15.000 работници, која се споменува во текстот, е паушална и која според презентираните податоци се однесува на лица на кои не им е исплатена нето-платата за месец јануари.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија