Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
02.04.2009
Од 2009 - престанува да важи обврската за поднесување на “ДД-02“ и “ДД-06“

Ги информираме даночните обврзници дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка (објавен во “Сл. весник на РМ“ бр. 159/08), од 1 јануари 2009 година се укина:

  • правото за усогласување (намалување) на приходите по основ на пренесување на загубите од деловни, финансиски и неделовни трансакции на товар на добивката во идните пресметковни периоди  (член 23-a) и
  • правото на примена на даночната консолидација (член 6)

Од тие причини и даночните обврзници кои правото на примена на даночната консолидација го оствариле врз основа на Привремено решение од УЈП во претходниот период, стекнатото право ќе можат да го користат заклучно со поднесувањето на Консолидираниот Даночен Биланс за деловната 2008 година.

За даночните обврзници кои правото на пренесување на загубите го оствариле врз основа на Привремено решение од УЈП во претходниот период, ова право ќе можат да го користат заклучно со добивката искажана во Даночниот Биланс за деловната 2008 година.

* Со укинување на горенаведените членови од Законот, престанува и правото и обврската за поднесување на барањата: “ДД-02“ за даночно олеснување и ослободување за загубите остварени во 2008 година, и “ДД-06“ за даночна консолидација.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија