Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за надградба на опремата, системот е-Даноци ќе биде недостапен од петок, 12 септември 2025 година од 14:00 часот.
За време на интервенцијата нема да биде можно поднесување на пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.
Останатите системи на УЈП ќе продолжат со редовна работа. Системот е-Даноци ќе биде повторно достапен веднаш по завршувањето на техничката интервенција.
Ги охрабруваме сите корисници навремено да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнувањето на интервенцијата.
Благодариме за разбирањето!