Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.05.2009
Фискализација – Затворен 61 објект во Источна Македонија

Во рамките на спроведените засилени контроли во делот на фискализација и регистрирање на готовинските плаќања, мобилните екипи на Управата за јавни приходи открија неправилности во работењето кај 64 даночни обврзници во Источна Македонија (Штип, Струмица, Куманово, Берово, Кочани, Радовиш...).

Извршени се вкупно 209 контроли на фискални апарати, од кои кај 64 објекти УЈП утврди неправилности во работењето и тоа: непоседување фискален апарат, нерегистрирање на готовинскиот промет, односно неиздавање на фискални сметки од страна на даночните обрврзници. Најголем број на неправилности се констатирани во Штип и Струмица.

Во текот на инспекцискиот надзор, поради сторен прекршок, изречени се глоби во вкупен износ од 5.732.900 денари, како и изречена е мерка времена забрана за вршење на дејност од 30 дена за 61 објект.

Паричните казни, поради непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, се движат од 200 до 1500 евра, во денарска противвредност.

Неиздавањето на фискални сметки, како и неправилностите во работењето на даночните обврзници, граѓаните може да го пријават на бесплатната телефонска линија 198, која е во функција 24 часа, 7 дена во неделата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија