Memorandum_mk
10.02.2026
Планиран прекин на системите на 11.02.2026 по 16:00 часот

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека поради планирана техничка надградба на ИТ системите ќе има привремен прекин во достапноста на системите и електронските услуги.

Прекинот е предвиден за 11.02.2026 година (среда) по 16:00 часот и се очекува да трае повеќе од еден час, односно до целосно завршување на активностите.

Ви благодариме за разбирањето и препорачуваме навремено планирање и завршување на активностите поврзани со користење на системите на УЈП.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија