Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.07.2009
Пријавување на приходи од кирии

Поради екот на летната сезона, ги потсетуваме граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во туристичките центри во Македонија, како и граѓаните кои остваруваат приходи од издавање во закуп или подзакуп на простории за одмор и рекреација (викендици), како и станбени или деловни простории, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека истите треба да ги пријавaт во Управата за јавни приходи.

Пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија на УЈП во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите. Даночната стапка за персоналниот данок на доход со која се оданочуваат овие приходи, од 1 јануари 2008 година изнесува 10%.

Исто така, по истекот на календарската година, односно најдоцна до 15 март 2010 година, граѓанинот има обврска да поднесе и Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“), во која ќе ги пријави сите приходи од сите извори кои ги остварил во текот на 2009, вклучувајќи ги и приходите од кирии и сл.

Со поднесувањето и пријавувањето на вкупно остварените приходи во 2009 во Годишната даночна пријава, еднаш оданочените приходите од кириите за кои е платен персонален данок на доход во текот на годината според аконтативното решение или по одбивка ... не се оданочуваат повторно, што е забуна но и најчесто прашање кое граѓаните го поставуваат до УЈП.

При пресметување на персоналниот данок за овој вид на приходи кој треба да го плати граѓанинот, законот предвидува и даночни олеснувања. Висината на трошоците со кои може да се намали остварениот приход на граѓанинот изнесува:

  • 25% од висината на приходот при издавање под закуп на неопремени станбени и деловни простории;
  • 30% од висината на приходот при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории; или
  • стварните трошоци, документирано докажани (по барање на обврзникот).

За граѓанинот кој нема да поднесе даночна пријава во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

За повеќе информации во врска со оданочувањето на кириите, преземете ја Брошурата – Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија