Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
03.07.2009
Суспендирани даночни службеници поради користење на државен имот за приватни цели

Во врска со последниот случај на можна злоупотреба на државен имот за приватни цели од страна на даночни службеници од УЈП – Регионална Дирекција Штип, кој беше објавен и во медиумите, ја информираме јавноста дека

“По целосното испитување и завршување на постапката по поднесена анонимна пријава од граѓанин за непрофесионално однесување на вработени во УЈП, Единицата за професионални стандарди на УЈП утврди дека даночните извршители од Регионална Дирекција Штип - Живко Донев и Сандо Баџуков со службено возило Сеат Ибица, сопственост на УЈП, во работно време предвидено за извршување на работни задачи и обврски пренесувале кошници за пчели и извршиле пречекорување во користењето на државен имот за вршење на приватни работи.

Во текот на постапката е констатирано дека податоците во Налогот за користење на возилото се неправилно заверени (спротивно на Упатството за услови и начин на користење на моторните возила со кои управува и располага УЈП), со што наведените даночни службеници сториле дисциплински прекршок – повреда на работниот ред и дисциплина и постапиле спротивно на одредбите од Законот за Управата за јавни приходи, Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи и Правилникот за евидентирање на работното време на вработените во УЈП, и поради што истите ќе бидат отстранети (суспендирани) од работа.“

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните и даночните обврзници сите можни злоупотреби и непрофесионално однесување на даночните службеници да ги пријавуваат на бесплатната телефонската линија 198 или преку е-пошта info@ujp.gov.mk.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија