Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.08.2009
До 31 август – Истeкува вториот рок за отпис на камата

Даночните обврзници кои поднеле барање за отпис на камата, имаат можност да го реализираат правото за отпис на 75% камата во вториот рок за плаќање коj истекува на 31 август 2009 година.

Правото на отпис на 75% од каматите за доспеаните a неплатени обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година, како дел од пакетот на владините антикризни мерки, може да се реализира доколку се изврши плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки во текот на 2009 година, односно во рамки на второутврдениот законски рок до 31 август 2009 година.

Даночните обврзници кои нема да извршат плаќање до 31 август, правото за отпис на 50% од каматата ќе може да го реализираат доколку извршат уплата на главниот долг и споредните даночни давачки (освен камати) во третиот законски утврден рок, односно во периодот од 1 септември 2009 година до 31 декември 2009 година. повеќе >>>


Закон за отпис на камата

Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на неплатени обврски за јавни давачки (персонален данок на доход, данок на добивка, данок на додадена вредност, даноци на имот и придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување) кои доспеале за плаќање до 31 декември 2008 година се уредени со Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување („Службен весник на Р.М.“, број 159/08).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија