Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
26.08.2009
УЈП поблиску до граѓаните - Отворен даночен шалтер во општина Новаци

Од 26-ти август 2009 година/среда, услугите на Управата за јавни приходи се бидат достапни и преку новоотворениот Даночен Шалтер - Новаци, за подрачјето на општина Новаци.

Даночниот Шалтер во Новаци е еден од шестте нови даночни шалтери кои УЈП - Регионална Дирекција Битола треба да ги отвори во општините Могила, Кривогаштани, Долнени, Вевчани и Дебарца .

На отворањето на Даночниот Шалтер, покрај Управникот на Регионалната дирекција Битола присуствуваше и Градоначалникот на општина Новаци кој од името на локалната самуправа, го изрази задоволството и ги нагласи придобивките што ќе ги има локалното население во општината со отворањето на даночна канцеларија на Управата за јавни приходи.

Даночниот шалтер обезбедува услуги кон даночните обврзници кои се однесуваат на:

  • Давање или обезбедување на точни, јасни, навремени информации и помош за примена на даночните прописи и даночните постапки;
  • Укажување на потребната документација за остварување на посебните права и обврски од даночната сфера;
  • Давање појаснување за начинот на пополнување на посебните даночни пријави;
  • Прием на пријави што ги поднесуваат даночните обврзници и граѓаните;
  • Роковите за плаќање, уплатните сметки, приходни шифри, рокови за плаќање, коефициенти, просечни износи на месечна плата и др.

Во текот на 2009 година ќе се отворат нови даночни шалтери, со цел услугите на даночната администрација да бидат што подостапни за даночните обврзници.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија