Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.08.2009
Од 1 септември до 1 октомври - Акција за пријавување на промена на регистарските податоците за даночни цели

Ги известуваме даночните обврзници дека од 1 септември до 1 октомври 2009 година, Управата за јавни приходи им овозможува на сите даночни обврзници кај кои настанала промена во делот на регистарските податоци од даночната пријава “УЈП-РДО” (адреса на седиште, адреса на вистинско седиште, адреса на постојни и на нови постојани деловни единици /подружници во Р.M., телефон, телефакс, е-пошта и сл.), да извршат нивно ажурирање.

За таа цел, потребно е даночниот обврзник кај кој има промена, истата да ја пријави во УЈП преку поднесување на нов образец ”УЈП-РДО”, кој може да се преземе од веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/16

Образецот се доставува до надлежната Регионална Дирекција, според местото на седиште на обврзникот, или во Контакт Центарот на УЈП (Градски Трговски Центар – Скопје, 2-ри кат, над кино Милениум) без разлика на местото на седиште на обврзникот.

Точноста на регистарските податоци е неопходна поради достава на пријави, решенија, известувања, навремено информирање на даночните обврзници и сл. и водење на евиденцијата за даночниот обврзник.

Како да проверите дали треба поднесете образец “УЈП-РДО“

На веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk, преку е-алатката „Пребарување на даночни обврзници“ може да извршите проверка на идентичноста на Вашите податоци, односно дали истите се сложуваат со податоците со кој располага Управата за јавни приходи.

Исто така, проверката може да ја извршите преку директно телефонско јавување во Контакт Центарот на телефонските броеви 02/3 214 051 и 02/3 214 062 на кои нашите оператори ќе Ве информираат за усогласеноста на податоците.

Последици од непочитување на обврската за пријавување на промена на податоци во УЈП

Даночниот обврзник има обврска да ги поднесе податоците за промена на седиштето, промена на местотото на вистинското управување и промена податоците за контакт (телефон, телефакс, е-пошта и сл.) и истите да ги искаже во даночната пријава.

Согласно со Законот за даночна постапка, на даночните обврзници – правни лица, ќе им биде изречена глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок доколку не пријави факти битни за оданочување и во даночната пријава не внесува точни,
вистинити и потполни податоци и не ја приложува пропишана документација.

По истекот на утврдениот период, за даночните обврзници кај кои ќе се утврди неусогласеност на регистарските податоци, Управата за јавни приходи ќе пристапи кон примена на пропишаните санкции.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија