Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.08.2009
Достава на даночни решенија за годишен персонален данок од доход за 2008

Ги информираме даночните обврзници дека Управата за јавни приходи отпочна со достава на Даночните решенија за годишен персонален данок од доход за 2008 година.

Даночни решенија ќе бидат доставени до сите граѓани кои поднеле Годишна даночна пријава за остварени приходи во 2008, но и до сите оние кои не ја испoлниле својата обврска да ги пријават остварените приходи до 15 март 2009, а според службената евиденција на УЈП е утврдено дека оствариле приход.

Ново! - Плаќање со Даночно решение

Со цел олеснување и поедноставување на постапката за плаќање на персоналниот данок за граѓаните, од оваа година Управата за јавни приходи изготви Даночно решение со кое директно, без пополнување на уплатници/налог за плаќање, граѓанинот ќе може едноставно да ја исполни својата законска обврска - да го плати својот персонален данок за 2008 година.

Образецот “ПП50” кој служи за плаќање на јавни приходи (персонален данок) е дополнителен дел на самото Даночно решение и ги содржи сите неопходни податоци за даночниот обврзник и разликата на данокот кој треба обврзникот да го доплати.

Имено, во измината година најголем број на поплаки од граѓаните се однесуваа токму на комплексноста и рачното пополнување на податоците при плаќањето. Со новите даночни решенија, ова се надминува. Сега е потребно, граѓанинот кој добил Даночно решение од УЈП, со истото да оди во најблиската банка.

НАПОМЕНА: По плаќањето, талонот од образецот “ПП50” (дополнителен дел од даночното решение) треба да Ви биде вратен и да Ви користи како доказ дека сте извршиле уплата на данокот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија