Memorandum_mk
01.09.2009
ДАНОЧНИТЕ УСЛУГИ ДОСТАПНИ И НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА МОГИЛА

Ги информираме даночните обврзници дека од 03.09.2009 година, услугите на Управата за јавни приходи ќе бидат достапни и преку новоотворениот Даночен шалтер- Могила, за подрачјето на општина Могила.

На отворањето на Даночниот Шалтер, планирано за 3 септември 2009 во 11.00 часот, зграда на Општина Могила, покрај раководните лица на УЈП поканети се и Градоначалникот на општина Могила и претставници на локалната самоуправа.

 

Услуги кои обврзниците ќе можат да ги добијат преку Даночниот шалтер

Даночниот шалтер обезбедува услуги кон даночните обврзници кои се однесуваат на:
• Давање или обезбедување на точни, јасни, навремени информации и помош за примена на даночните прописи и даночните постапки;
• Укажување на потребната документација за остварување на посебните права и обврски од даночната сфера;
• Давање појаснување за начинот на пополнување на посебните даночни пријави;
• Прием на пријави што ги поднесуваат даночните обврзници и граѓаните;
• Укажување на роковите за плаќање, уплатните сметки, приходни шифри, рокови за плаќање, коефициенти, просечни износи на месечна плата и др.

 

Децентрализација на услугите на УЈП

Преку ланецот на даночни шалтери кои беа отворени и допрва ќе се отвораат, не само што се децентрализираат даночните услуги, туку најважно пред се е намалувањето на трошоците за даночните обврзници при плаќањето на даноци и користење на услугите на УЈП, преку нивна достапност во самото место на живеење на граѓаните, односно седиште на правните лица.
Ново отворениот Даночен шалтер Могила и Даночен шалтер Новаци се едни од шестте нови даночни канцеларии во рамките на Регионалната дирекција – Битола.
Во наредниот период се планира отворање на даночни шалтери и за подрачјето на општините: Кривогашатани, Долнени, Вевчани и Дебарца.


 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија