Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.09.2009
Даночна канцеларија и за граѓаните на општина Вевчани

БИТОЛА - Услугите на УЈП Регионална Дирекција Битола од денес се достапни и преку новоотворениот Даночен Шалтер Вевчани, кој ќе ги опслужува граѓаните на општина Вевчани.

На отворањето на даночната канцеларија, покрај управникот на РД Битола, Петко Колчакоски и вработени на УЈП присуствуваа и Градоначалникот на општина Вевчани, Перо Илиевски и претставници на локалната самоуправа. Градоначалникот го изрази своето задоволство и значајните придобивки што ќе ги имаат граѓаните на Вевчани со отварањето на оваа даночна канцеларија сместена во зградата на самата Општина.
 

 

Децентрализација на услугите на УЈП
Со новата реорганизација на УЈП се воведоа нови организациони единици – даночни шалтери со кои се напушта месната надлежност на даночната администрација и се изврши максимална децентрализација на функцијата услуги кон даночните обврзници. Преку ланецот на даночни шалтери кои беа отворени и допрва ќе се отвораат, даночните услуги ќе бидат достапни до местото на живеење на граѓаните, односно седиште на правните лица и на подрачјета на помалите општини. Отворањето на овие шалтери ќе допринесе за намалување на трошоците за даночните обврзници при плаќањето на даноци и поголема достапност на услугите на УЈП.

Кои услуги ги обезбедува Даночниот шалтер?

  • Давање или обезбедување на точни, јасни, навремени информации и помош за примена на даночните прописи и даночните постапки;
  • Укажување на потребната документација за остварување на посебните права и обврски од даночната сфера;
  • Давање појаснување за начинот на пополнување на посебните даночни пријави;
  • Прием на пријави што ги поднесуваат даночните обврзници и граѓаните;
  • Укажување на роковите за плаќање, уплатните сметки, приходни шифри, рокови за плаќање, коефициенти, просечни износи на месечна плата и др.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија