Memorandum_mk
23.09.2009
Билатерална соработка - Зеднички даночни контроли на Македонија и Албанија
  

ТИРАНА – Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Р. Македонија и Р. Албанија, од 23 до 25 септември 2009 година во Тирана, се одржува Работнилницата – „Идните предизвици на даночните инспекторати“.

На Работилнилницата покрај највисокото раководство на даночните администрации, директорот Горан Трајковски и директорот Артур Папајани, во изготвувањето на „Акцискиот план за заедничките активности во делот на надворешната контрола“ учествуваат и даночни инспектори од двете земји.

 
 

Цели

Основната цел на Работилницата е конкретизација на мерките и активностите за заедничко делување на даночните инспекторати во наредниот период во насока на спречување и откривање на даночната евазија, но и размена на искуство во делот на:

- правилата на даночната контрола;
- специфичности на инспекцискиот надзор кај одделните даноци;
- специфичности на надворешната контрола кај одделни индустрии и дејности;
- значењето на размената на информации за даночни цели;
- процедури во случај на сомнение за постоење на даночен криминал.
 

 * Види и други информации поврзани со меѓународната соработка со даночната администрација на Р. Албанија. 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија